Македонија

Детектирани 30 случаи со делта-варијантата – бројот на активни случаи се искачи над 2.500

Во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта-варијанта на Ковид-19, која, како што посочуваат од Министерството за здравство, рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па многу е веројатно истото да се случи и кај нас.

Затоа, како што апелираат, граѓаните треба да се вакцинираат во што поголем број за да се заштитат себе си, своите семејства.

Податоците на Министерството покажуваат дека вчера се регистрирани 518 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.809 тестирања.

Починале четири пациенти, а оздравени се 31.

Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни