„Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак најдобра претстава на фестивал во Србија

 „Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак, композитор и режисер од Битола, е прогласена за најдобра претстава на меѓународниот фестивал „Виминациум фест –  стари и нови митови“ кој синоќа заврши на археолошкиот локалитет Виминациум во Србија.

Наградата едногласно ја додели стручно жири, според кои претставата е најдобра на годинашниот фестивал, а авторот Неќак презентирал софистицирани уметнички средства и силна музичко-драмска композиција за потресна, но истовремено и нежна претстава.

 „Девојчето со жиците“ е современа драмска опера, копродукциски проект на Подвижен музички театар (Moving Music Theatre) од Битола и Словенско народно гледалишче од Љубљана. Во претставата  настапија словенечките актери Барбара Церар и Урош Фурст. 

Извор: Сител телевизија