Македонија

Џафери го честита празникот Сите Светци

Почитувани граѓани, припадници на католичката вероисповед во Република Северна Македонија.

Ми претставува чест од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви го честитам големиот католички празник, Сите Светци, ден кога се оддава почит кон сите светци. Искрено Ви посакувам секој ден, а особено во овој период исполнет со предизвици за сите нас како и за целиот свет, да ја задржите својата верба и истата да Ве води кон подобри утра. Ви пожелувам да имате убави празнични моменти со вашите блиски, со внатрешен мир и спокој и најважно од сѐ, во добро здравје и со благонаклоност и благодарност кон животот кој носи и радост и тага. Религиите, иако се различни едни од други, во својата суштина не учат на скромност, добрина и почит. Ви испраќам убави празнични мисли и добри желби, духот и пораките од празниците да бидат водилка во сите денови од годината.

Уште еднаш, имајте убав празничен ден!

Со почит,

mr. Talat Xhaferi

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни