Македонија

Џафери не дојде: Пендаровски и Ковачевски на божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Џафери не дојде: Пендаровски и Ковачевски на божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек кој го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г.Стефан.

На традиционалниот божиќен ручек, премиерот Ковачевски присуствуваше заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Според информациите, поканет бил и претседателот на Собранието, Талат Џафери, но поради здравствени причини не присуствува.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни