Свет

Џо Бајден со нов гаф: „Горд сум што сум прва црна жена…“

Џо Бајден со нов гаф: „Горд сум што сум прва црна жена…“

Американскиот претседател Џо Бајден ја повтори својата одлука да не се откаже од својата кандидатура за втор мандат, и покрај повиците од многу демократи тој да се повлече. Лошиот настап на 81-годишниот претседател во дебатата на 27 јуни со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп дополнително ја зголемија контролата врз неговите јавни настапи.

Многу демократски гласачи изразија загриженост за тоа дали Бајден ќе може да се справи со исцрпувачкото темпо на претседателството во следните четири и пол години. Во самата партија, некои членови повикаа Бајден да се повлече од трката. Сепак, новиот гаф на претседателот не мораше долго да чека. Само една недела по неговиот незадоволителен настап во дебатата, претседателот Бајден даде интервју за афро-американската радио ТВ станица WURD во Филаделфија, каде што предизвика конфузија со својата изјава.

„Патем, горд сум што сум, како што реков, првиот потпретседател, првата црна жена… која служи со црнец претседател“, рече Бајден.

Кога беше избран за претседател, Бајден ја именуваше Камала Харис за потпретседател, со што стана првата црна жена на таа функција. Според извори, Харис е фаворит за претседателска номинација на изборите на 5-ти ноември, доколку Бајден одлучи да се откаже.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни