Џони Штулиќ објави нов двоен албум на Јутјуб

Легендарниот музичар и поет Бранимир Џони Штулиќ, фронтмен на поранешната група Азра, на својот канал на Јутјуб го објави новиот двоен албум „Сплет“.

Штулиќ, една од најголемите ѕвезди на југословенската рок сцена, им приреди новогодишно изненадување на фановите, објавувајќи ги првите три страници од двоен албум со 28 песни.

Последната, четврта страница од двојниот албум, Штулиќ ја објави на својот YouTube канал на 22 декември.

На албумот „Сплет“ има нови песни, но повеќето се обработки на стари хитови на Азра.

Штулиќ дефинитивно ја напушти Југославија во 1990 година, по концертот на Хвар во август.

Оттогаш, тој живее во Холандија, ретко се согласува на интервјуа и ја отфрла можноста за повратен концерт, и покрај желбите на многу фанови низ поранешната држава.