4NEWS.mk

Џонсон утре ќа разговара со своите конзервативци за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон утревечер ќе им се обрати на пратениците од неговата Конзервативна партија, соопшти лондонски „Дејли телеграф“.

Британските медиуми пренесуваат дека Џонсон ќе се сретне со членовите на својата и на малата партија од Северна Ирска, која го поддржува  излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Состанокот, на кој Џонсон ќе инсистира на обезбедување поддршка за договор со ЕУ за Брегзит, ќе се оддржи во пресрет на самитот на  лидерите на ЕУ во четврток во Луксембург.

Џонсон претходно најави дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври, со или без договор со ЕУ.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни