AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Дијабетес тип 1 најтешко се одредува – ова се 7 тивки знаци

Дијабетес тип 1 е автоимуна болест која се јавува кога панкреасот престанува да произведува инсулин. Тогаш имунолошкиот систем ги напаѓа и уништува клетките на панкреасот кои го произведуваат овој хормон, кој е одговорен за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта.

И кога телото не произведува инсулин, крвта станува поконцентрирана, а клетките не добиваат доволно шеќер, односно енергија.

Повеќето од симптомите на дијабетес тип 1 се очигледни, но понекогаш толку банални, што последното нешто на кое размислуваме е дека всушност имаме дијабетес. Сепак, обрнете внимание на овие сигнали:

  1. Често мокрење

Тоа е еден од трите најчести симптоми на дијабетес тип 1. Без инсулин, имено, шеќерот се собира во крвотокот и го згуснува. Бубрезите, филтрите на телото, отстрануваат се што не му припаѓа на телото. Значи, кога имаме премногу шеќер во крвта, бубрезите реагираат на овој начин – со почесто мокрење.

  1. Зголемена жед

Полидипсија, односно зголемена жед, се јавува поради симптомот број 1. Почесто мокрење доведува до дехидрација и потреба од вода. И премногу вода доведува до почесто мокрење и така во круг.

  1. Губење на тежината

Клетките без шеќер гладуваат. И тогаш телото почнува да согорува маснотии и да ги користи мускулите за да добие енергија. Ова предизвикува нагло губење на тежината.

  1. Замор

Кога телото се напаѓа себе, многу е тешко да се најде енергија за секојдневните активности. И за оние со дијабетес тип 1, телото буквално нема енергија.

  1. Овошен мирис на урината и здивот

Кога на телото му треба нов извор на енергија, тој бара извор на енергија во масни киселини. Еден од производите на распаѓање на масни киселини е ацетон. Всушност, токму тоа се чувствува во здивот и урината.

  1. Абдоминална болка

Кога телото влегува во кетоацидоза, односно кога лачи поголеми количини на киселини (кетони) во крвта, има болки во стомакот. Покрај тоа, се јавуваат болки во градите, гадење, повраќање, брзо дишење и вртоглавица. Во овој случај, задолжително е да се оди на лекар.

  1. Заматен вид

Колку е поголема концентрацијата во крвта, толку повеќе вода ќе ги напушти органите. А високото ниво на гликоза во крвотокот предизвикува промени во самото око и доведува до „замаглување пред очите“.