Димитриевски: Очекувам оставката на Заев да биде реализирана

Во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски посочи дека очекува оставката на Заев да биде реализирана.

„Тој тоа го најави, го поздравувам, бидејќи тоа е еден вистински пример како треба да се развива демократијата во нашата држава. Но, за жал, голем дел на луѓе од неговото опкружување кои можеби беа туторите на главните политики во партијата се уште молчат, а тие треба да излезат јавно и да сносат одговорност, како тоа СДСМ од една добра позиција, дојде во една таква состојба. Не можам да предвидам што ќе се случува, можам отворено да кажам што не сакам да се случи. Не сакам да се случи да избереме лидер марионета. Не сакам да се случи да избереме раководство коешто ќе биде во функција на некого или на поранешното раководство. На СДСМ му е потребен сериозен тим на луѓе кои ќе продолжат да анимираат сериозни позитивни политики за граѓаните и државата“, кажа Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека членството е тоа коешто согласно статутот избира лидер и членството треба да одлучи кој ќе биде следниот лидер на СДСМ.

„Никогаш не сум го кажал тоа во јавноста дека имам такви амбиции. Еднаш мислам дека реков кај вас во студио дека човек без амбиции не треба да се занимава со политика, но, во овој момент не размислувам за такво нешто, иако сите опции се отворени, бидејќи членството е тоа кое во внатрепартиска постапка треба да го даде своето видување и мислење. СДСМ е многу голема политичка партија. Своевремено броеше и над 120 илјади членови. Треба да им се даде можност на сите, и на овие членови кои денеска имаат пластични, електронски картички, но и на оние членови кои некогаш имаа сини книшки и знакот ружа како бренд на Социјалдемократскиот сојуз да одлучуваат“, рече Димитриевски.

Поврзани вести

СДСМ го сака Максим назад во партијата – тој денеска се јави со коментар

Максим Димитриевски доби втор мандат да го води Куманово на неодамнешните локални избори, но овој пат како независен кандидат. Тој, првиот мандат го мина како кандидат од СДСМ, меѓутоа беше избркан од...

Николовски открива дека СДСМ сака да го врати Максим Димитриевски во партијата

Максим Димитриевски доби втор мандат да го води Куманово на неодамнешните локални избори, но овој пат како независен кандидат. Тој, првиот мандат го мина како кандидат од СДСМ, меѓутоа беше избркан од...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...