Македонија

Димитриевски: Царовска одзеде ингеренции од општина Куманово за избор на директор на градинка

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска на прес-конференција соопшти дека општината на 23. јануари добила решение од страна на Министерството за труд и социјална политика за одземање на ингеренции на општината за избор на директор во една од детските градинки во Куманово.

„На 23. јануари општина Куманово доби решение од Министерството за труд и социјална политика, потпишано од министерката Мила Царовска со кое се одземаат ингеренциите на општината во дел на избор на директор во јавната општинска установа, детска градинка Ангел Шајче. Ова решение е неиздржано, пристрасно, тенденциозно и има за цел директно да го инволвира министерството во кадровскиот избор на директорот во оваа јавна општинска установа“, изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни