Министерот за надворешни работи на отворањето на првиот ден од Амбасадорскиот совет порача дека Македонија стори се за да добие позитивна одлука за отпочнување на пристапните преговори со Унијата, но дали ќе добие датум на 15 октомври зависи од две работи.
Според Димитров, донесувањето на Законот за јавно обвинителство и целосно расчистување на истрагата „Рекет“ се клучот по кој земјите членки на Еу ќе одлучуваат за нашата иднина.
Димитров го повика Обвинителството темелно да го истражи случајот и да испрати порака дека никој не е над законот.
Според министерот за надворешни работи ако Македонија го пропушти овој воз, ниту Унијата не знае кога ќе биде следниот воз.
Деспина Тодоровска