Поврзи се

Македонија

Димитров: Официјалниот почеток на преговорите со ЕУ ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех

Published

on

Северна Македонија се подготвува за позитивно сценарио во однос на одржувањето на заедничката Меѓувладина конференција со Европската унија, се прават напори и се преземаат дипломатски активности во таа насока, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Тој не ја исклучува можноста во декември да не почне Меѓувладината конференција поради противење на соседна Бугарија, но напоменува дека евентуалниот неуспех, нема да биде само македонски, туку ќе биде пораз и за европската слика за соседна Бугарија, ама пред се за самата Европа и за нејзините основни вредности.

-Текстот продолжува по рекламата-

-Не може да се исклучи дека ќе нема меѓувладина конференција до крајот на оваа година, но ако причината за тоа е македонскиот јазик, јас сум ок со тоа, рече Димитров одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата што ја одржа по повод мандатното писмо за мисијата и задачите на Секретаријатот за европски прашања.

Тој потенцира дека се прават  дипломатски напори да се најде излез од оваа ситуација, но, како што рече, полето не ни е неограничено.

-Нашето право на самопределување во 21 век и на овој континент не може да биде спорно и ако македонскиот јазик стане пречка за интеграцијата во ЕУ, ќе стане спорна придавката во името на ЕУ, бидејќи не може да сте европски, а да се мешате во правото на еден народ да каже што е и каков јазик зборува. Ниту на ваков начин може да се изгради вистинско здраво пријателство, што ќе се базира на заемна почит, рече Димитров.

Тој вели дека во моментов одлуките во ЕУ се носат со консензус и оти земјава за секој зависи од сите земји членки. -Во овој момент зависиме од согласноста на сите до една земји членки за секој чекор напред во европскиот процес на нашиот европски пат. Ќе бидеме разумни, ќе бидеме мудри, ќе го промовираме и ќе го чуваме тоа што е наше и ќе работиме на почит и разбирање, меѓутоа легитимно е да очекуваме возвратна почит и разбирање. Ќе видиме што ќе биде, рече Димитров.

Вицепремиерот не смета дека работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија е неуспешна, особено, ако како референтна точка се земе фактот дека вакви комисии од други земји работат со децении. Затоа, рече, милсм дека Македонско-бугарската комисија работи продуктивно и со полна пареа.

Додаде дека се вложува и во билатералниот однос со Софија и наскоро, во следните неколку денови и недели ќе се види резултатот.

-Точно е нема многу време, се работи за неколку недели. Истовремено, наше е да објасниме за нашите позиции, да го објасниме влогот. Има голема амбиција во Берлин овој процес да успее. Канцеларката Меркел јавно во Европскиот парламент јавно кажа дека еден од најголемите приоритети во смисла на надворешната политика на германското претседателство е да почне преговори со Северна Македонија и додаде доколку е тоа можно и се исполнат условите предвидени од март и за Тирана, за Албанија. Така што, мислам дека има целосно разбирање за нашите позиции што не значи дека ние треба да престанеме апсолутно со максимални напори да најдеме разбирачка и со Бугарија во рамките и за прашањата за коишто е можна разбирачка. Тука сигурно не спаѓаат идентитетот и македонскиот јазик, рече вицепремиерот.

Убеден сум, вели Димитров,  дека сите земји членки се свесни, а особено соседите дека сме пред многу едноставен избор – или ќе имаме заеднички успех или ќе имаме заеднички дебакл оти евентуалниот неуспех нема да е само македонски, туку ќе биде пораз и за европската слика за соседна Бугарија, ама пред се за самата Европа и за нејзините основни вредности. Ние, потенцира тој, се подготвуваме за успешното, победничкото сценарио.

Тој истакна дека доколку работите се движат во посакуваната насока по првата меѓувладина конференција со почетокот на следната 2021 година ќе се продолжиме со скринингот, аналитичкиот преглед на европското право и тоа со билатерален преглед по кластери и соодветни поглавја.

-Доколку работите се движат според планираната динамика би можеле да очекуваме до крајот на 2021 година да го отвориме и првиот кластер. Како Влада очекуваме дека со фокус и јасен приоритет и работа ќе можеме во текот на нашиот мандат да отвориме близу 80 проценти од поглавјата и да обезбедиме подлога за следната влада да може успешно да ги затвори преговорите и да резултира со пристапен договор и полноправно членство во ЕУ, рече Димитров.

Притоа рече, на тој пат е потребно вклученост на сите општествени и политички чинители во земјава.

-Отвораме можност и повикуваме за дијалог и соработка со опозицијата во рамки на собраниските тела, но и надвор од нив. Истото важи и за граѓанското општество, за невладините организации, истото важи и за приватниот сектор и нашите компании. Сакам да си подадеме рака и да покажеме дека тогаш кога на нашата Македонија можеме да работиме заедно, рече вицепремиерот за европски прашања.

Процесот на носење на Европа дома, според него, е и за да овозможиме европски начин на живот, надеж  за успех и просперитет особено на следната генерација, на нашите млади нема алтернатива.

Прес конференција на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров

Прес конференција на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров

Gepostet von TV21 am Samstag, 17. Oktober 2020

.

Извор: ТВ21

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

934 нови случаи на Ковид-19, 420 од нив во Скопје

Македонија

Караташ од Измир за ТВ21: 15 секунди се тресеше сѐ, кај народот има паника и страв

4NEWS.mk

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев позитивен на Ковид-19

Македонија

„Црн“ рекорд и во Грција – 1.690 новозаразени

4NEWS.mk

Во велешките јавни установи расте бројот на вработени позитивни на ковид вирусот и во изолација

Македонија

Во земјотресот на грчкиот остров Самос загинаа двајца средношколци

4NEWS.mk

Филипче: Надополнувањето на медицинскиот кадар веднаш ќе се почувствува

Македонија

Во земјотресот во Измир загинаа четири, повредени се 120 лица, истата област продолжува да се тресе

4NEWS.mk

Лани стапката на сиромаштија 21,9 отсто, нееднаквоста во распределбата на приходите 30,8 отсто

Македонија

ВО ЖИВО: Шекеринска, Османи и Филипче за помошта од НАТО за справување со Ковид-19

4NEWS.mk

Седум тела во пратка од Србија пронајдени на пристаниште во Парагвај

4NEWS.mk

Последната фотографија од Амди Бајрам

Македонија

„Затнат нос и главоболка се најчести први симптоми на коронавирус“, објаснува Софијанова во ClickPlus

4NEWS.mk

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски го враќа орденот на Каракачанов

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за хаос – Филипче: Со кој образ обвинувате, оставивте огромни долгови

Македонија

Спорот не е Делчев ниту јазикот, туку депортирањето на Евреите од Скопје – Бугарија бара Македонија да ја превземе вината за бркањето на Евреите

Македонија

Јани Макрадули ќе биде нов директор на Македонска пошта?!

Македонија

Мицкоски: Нема изговори, ниту трпение, ако не знаат како, нека си ги спакуваат куферите, доста Македонија ги губи своите чеда

Македонија

Брзите тестови за коронавирус стигнаа во Македонија

Македонија

Снаа нападнала свекрва во Ресен

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО Николовски во Клик Плус: Ќе побарам оставка од Лидија Димова!

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com