Македонија

Димитров за “Рекет”: Тоа е раскрсница, можеби е време да се преброиме

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, преку социјалната мрежа Фејсбук го коментира случајот “Рекет”.

“Дискредитацијата на СЈО преку аферата “Рекет” повторно е на истата линија. Да и’ се избега на правдата, напаѓајќи ја институцијата специјално формирана токму да испорача правда. До тука имаме континуитет на политичка агенда на неказнивост или со правен израз – повторување на (не)делото”, напиша Димитров на Фејсбук.

Тој на крајот пишува дека немал слика со Боки 13 ниту средба, ниту пак потпишан меморандум.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни