Македонија

Директорот на ЈСП му се заканил со физичка пресметка на советникот Јаневски – „Нема да потклекнам“

Директорот на ЈСП му се заканил со физичка пресметка на советникот Јаневски – „Нема да потклекнам“

По завршувањето на денешната седница на Град Скопје, в.д. директорот на ЈСП Скопје Александар Стојковски му се заканил на колегата советник Филип Јаневски од Глас за Македонија.

„Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати!

Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје!“, вели Јаневски

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни