Вака синоќа изгледаше големата сала на Центарот за култура Антон Панов во Струмица. Гимназијалците подготвија едночасовно диско шоу. Девет години, професорите и учениците од ова средно училиште го организираат новогодишно- божиќен концерт за одбележување на празничните денови.
„Да уживавме. Запознавме нови песни. Исто така и дружбата меѓу нас стана уште поголема. Концертот го спремавме, месец, месец и половина“, вели учесник на концертот.
„И ние и професорите учествуваме во избворот на песни. Понекогаш се двоумевме, но се одлучивме за овие песни што ги претставуваме денес“, вели Блаже Памуков – учесник на концертот.
Хористите и оркестарот неколку месеци ги подготвуваа познатите рефрени, One way ticket, Stay in a live…кои се добро познати на хитови на диско ерата. Обидот е да се доближи оваа музика до помладите генерации.
„Точно, времето од кое потекнуваат малку за нив беа туѓи, бидејќи слабо ја слушаат диско музиката. Можеби поблиска е и за нивните баби и дедовци, а не само родители. Но, со многу проби и работа и слушање успеавме да го доловиме диско штимунгот да влезат во диско музиката“, вели Анита Станкоска – професор по музика.
„Ништо не е тешко кога има со што да се работи. Секогаш во Гиманзијата имаме премногу таленти кои можат и знаат, но треба многу работа, а со тоа се се постигнува“, вели Дени Кирчанов – професор по музика.
Во отсуство на централна прослава на градскиот плоштад, новогодишно- божиќниот концерт претставува настан кој години наназад има по две изведби поради големиот интерес кај струмичани.
РЕПОРТЕРКА: КАТЕРИНА ДАФЧЕВА
