Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП бара итно поставување м-таг на сите патарини

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП бара итно поставување м-таг на сите патарини

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите сообраќајни метежи и колони на патиштата низ државата, побара итно поставување на М-ТАГ уреди за електронска наплата на секоја патарина во Македонија, објави порталот „Скопје1.мк“.

Преку видео-обраќање, членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски, упати остри критики за неажурноста и лошата организација која секојдневно ги заглавува граѓаните на патарините.

„Зарем две години не беа доволни?“

Јанкоски директно го прозва раководството на надлежното претпријатие, барајќи одговори за бавниот процес на модернизација:

„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација. Го прашувам директорот, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата?“, прашува Јанкоски.

Предлог за итно решение и долгорочни заштеди

Од ЛДП предлагаат државата веднаш и без одлагање да ја комплетира инсталацијата на М-ТАГ системот на сите наплатни рампи, со цел конечно да се растерети и забрза протокот на возила на клучните патни правци.

„Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, заклучува Јанкоски во својата изјава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни