УХМР известува дека нестабилна облачна маса проследена со силен ветер, пороен дожд и грмежи од југоисток ја зафаќа Скопската Котлина и се движи кон север и северозапад.
Најинтензивни процесите се во источните делови од котлината.
До крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.