Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе
дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=24°C. P=970hPa. U=50%. V=3m/s.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.