Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава пороен дожд и грмежи. T=35°C. P=980hPa. U=39%. V=4m/s.
За време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. Во среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.