„Дојде во погрешно жири“ – Цеца и Марија се скараа во „Ѕвездите на Гранд“

Повторно раскол во жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, по настапот на кандидатката Ања Михајловиќ, Вики Миљковиќ се пожали и истакна дека можело и пет гласови да има нејзината кандидатка.

На ова, Марија Шерифовиќ и порача дека само кокодака.

„Повторно Вики почнуваш да кокодакаш пред било што ние да кажеме. Не кажавме ни збор, а ти веќе кокодакаш. Само со тебе имаме вакви драми, веднаш фаќаш за врат. Овде има некој ред и чекај го“, рече Марија видно вознемирена, а на ова се умеша и Цеца Ражнатовиќ.

„Молчи, ти си луда и хистеричка. Викаш, оглувев“, рече Цеца.

„Па кога Виолета е ненормална“, врати Марија, а Цеца повторно и кажа да молчи.

„Оглувев покрај оваа вештерка која само вика“, се пожали Цеца, а Марија и врати дека тоа е нормален вокабулар во Ѕвездите на Гранд.

„Ти дојде во погрешно жири, ние овде така збориме“, врати Марија, а целата драма ја прекина Босанац кој се сложи со Цеца.