Македонија

„Доколку го видите, да знаете дека не е за добро“: Граѓаните се жалат, овој човек „оперира“ велосипеди низ Скопје

„Доколку го видите, да знаете дека не е за добро“: Граѓаните се жалат, овој човек „оперира“ велосипеди низ Скопје

На Фејсбук страницата „Украдени точаци“ информираат дека од зграда во населба Тафталиџе е украден велосипед.

Според објавата, доколку го видите, треба да знаете дека не е за добро

„Чисто за инфо до сите … доколу го видите човекот да знаете дека не е за добро… Во зграда кај нас си влага(во тафталиџе кај катастар), 1ипол саат си оперира(проверува све што има каде има), се крие кога влага некој со кола…. и на крај си излага со точакот што му се свигал од неколку паркирани и врзани“, се вели во објавата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни