Доктор за несреќата на бензинската пумпа во Хрватска: „Тешко повредено машко лице кое е во животна опасност“

Во несреќата на бензинската пумпа во Хрватска се повредени три лица, а доктор Јосип Крниќ вели дека помладиот е во животна опасност.

Возач во вторник попладне удрил во бензинска пумпа на А1 кај Омиш, Хрватска и загинал, додека три патнички возила изгореле, а три возила биле оштетени. Повредени се три лица, а за нивната состојба денеска зборуваше д-р Јосип Крниќ, раководител на Унифицираниот прием на итната помош во сплитската КБЦ. „Најтешко повредено е младо машко лице кое е во животна опасност. Тој е сместен на Одделот за интензивна нега. Повреден е уште еден маж кој не е животно загрозен. Двајца мажи се со тешки изгореници. Државјанинот на Франција е пуштен за домашна нега повеќе информации ќе се знаат по неколку дена, рече Крниќ и додаде дека болницата нема информации за возачот кој починал на местото на несреќата. Полициски службеници од Сообраќајната полициска станица Сплит извршиле увид на местото на несреќата. Утврдено е дека возачот, засега непознат, кој загина, со лично возило со шведски национални таблички свртел во терминалот на бензинската пумпа и удрил во друго возило, а потоа од силината на ударот во возилото се одбил и удрил во дозерот за гориво.

Телото е пренесено на патологија и ќе биде извршена обдукција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното