Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека до 40 минути

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека до 40 минути

Состојба на граничните премини

Утринава е забележана зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, каде возачите чекаат околу 40 минути за излез од државата, информира АМСМ.

Најголем метеж е регистриран на јужната граница кон Грција. Според снимките од камерите во живо на Јавното претпријатие за државни патишта, на двата премини се забележуваат долги колони возила.

На останатите гранични премини во моментов нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од земјата.

Состојба на патиштата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од урбаните средини е умерен, а сообраќајот се одвива непречено по суви коловози.

Апел до возачите

  • Прилагодете ја брзината на условите на патот.
  • Почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација.
  • Управувајте внимателно, особено на делници низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Потенцијално ризични делници

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни