Македонија

Домаќинствата кои ја користат струјата за профит ќе плаќаат поскапо, рече Ковачевски

Домаќинствата кои ја користат струјата за профит ќе плаќаат поскапо, рече Ковачевски

Околу 1% од домаќинствата во Македонија троши околу 20% од електричната енергија предвидена за домаќинства. Токму поради ова, Владата има предлог за воведување на тарифи.

Тој 1% кој што троши 20%, тоа е препораката, сепак Регулаторната комисија ќе треба да ги носи одлуките и начинот на тарифирање, ќе плаќа повисока цена на електрична енергија бидејќи домаќинство кое користи толкаво количество на електрична енергија, значи дека не ја користи за домашни потреби, односно ја користи електричната енергија за нешто друго. И затоа ќе плаќаат повисока, бидејќи сигурно тие со трошењето на таа електирчна енергија остваруваат профит“, изјави вечерва во интервју за ТВ24 премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека токму поради вакви причини треба да се направат тарифни модели со што останатите граѓани би плаќае помалку.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни