Кујна Магазин

Домашна паштета од скуша: Намаз кој лесно се прави, а една тајна состојка му дава пикантност

Домашна паштета од скуша: Намаз кој лесно се прави, а една тајна состојка му дава пикантност

Скушата содржи висок процент на омега-3 масни киселини, дури двапати повеќе од лососот и затоа е одлична за регулирање на крвниот притисок. Богат е и со селен, кој заедно со протеините создава антиоксиданси и го зајакнува имунолошкиот систем.

Состојки: 1 скуша со средна големина, 1 помала главица кромид, 2 варени јајца, 2 чешниња лук, половина лимон, 2 лажици маслиново масло, свеж магдонос, бибер, 1 пиперка.

Подготовка: Исчистете ја скушата од утробата, измијте ја и посолете ја и оставете ја неколку минути. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени, на фолијата ставете ја скушата, прелијте ја со масло и печете 30 до 40 минути. Испечената скуша добро исчистете ја од коските. Јајцата сварете ги посебно, па излупете ги. Излупете ја кората и ситно исечкајте ја. Во блендер се ставаат скушата, кромидот и лукот, сокот од лимон, јајцето исечкано на четвртинки, зачинете по вкус, додадете ситно сечкан магдонос и убаво изблендирајте. На крај додадете ги ситно сечканите лути пиперки и повторно измешајте. Префрлете ја паштетата во сад, оставете ја добро да се излади во фрижидер, па послужете ја со тост леб.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни