„Досадно, депресивно и сосема без вкус“, вели поранешната уредничка на Вог за домот на Меган Маркл

Иако може да се заклучи дека домот на Меган Маркл има совршен ентериер, експертите тврдат дека тоа не е така – туку целосно без вкус и стил.

Поранешната уредничка на британскиот Вог, Александра Шулман, го критикуваше домот на Меган Маркл.

Во видеото за нејзиниот роденден, Меган Маркл покажа како изгледа домот на нејзиното семејство во Монтесито, Калифорнија, а фотографијата од нејзината ќерка Лилибет Дајана, која можевме да ја видиме за прв пат, исто така привлече големо внимание. На централната фотографија, мала рамка од три слики, е кралското бебе.

Семејниот дом е украсен во неутрални тонови, но Александра Шулман тврди дека не е импресивен, и дека му недостасува личен печат.

Покрај тоа, таа посочува дека овој пример покажува што се случува кога имате пари, но без вкус.

„Сакав да бидам позитивана кога станува збор за новата иницијатива од Сасекс, но не успеав. Меган помина 40 минути од нејзиниот роденден снимајќи пораки и сигурно мислеше добро. Ова не е кривично дело. Злосторството е просторијата во која го снимила видеото. Ова е пример кога имате пари, но немате вкус. Иако, убавината е во окото на оној што гледа“.

Сепак, зошто некој би живеел во нешто што личи на внатрешноста на синџирот на хотели, видено насекаде низ светот, од Миконос до Тајпеј? Страшен збор: неутрален. Можеби е снобовски и јас паѓам во таа стапица, но изгледа разочарувачки. Бежот од ѕид до ѕид може да изгледа релаксирачки кога треба да се опоравите од масажа со топол камен, но тоа не е место за живеење.

Јасно е дека принцот Хари сакаше нешто поразлично од она со кое беше опкружен уште од раѓање, па уредувањето на својот прв дом го остави на својата сопруга. Сепак, таа го украси како нејзиниот незамислив стан во Торонто, подеднакво беж и безличен. Можеби ова не е нивна вистинска работна просторија, туку изложбен простор.

Можеби ова е просторија каде што ни дозволија да ја видиме, а останатото е уметничко, со книги, шарен мебел. Не фотографија од каталог, туку дом. Иако, секако дека е депресивно и немагинативно. Сепак, се разбира, тие имаат свој кокошарник кога сакаат да бидат неуредни – напиша Шулман во колумна за Дејли Меил.