Интензивните врнежи од дожд вечерва во Велес целосно ги поплавија главните улици во градот и предизвикаа застој во сообраќајот.
Од дождот и поплавените улици и тротоари голем проблем имаа и пешаците кои се затакнаа на улиците.
Општина Велес со години најавува решавање на проблемот со поставување атмосферска канализација, што се смета за сложен зафат поради високата конфигурација на градот, а за кој се потребни поголеми финансиски средства
