Поврзи се

4NEWS.mk

Дозволи за движење во полициски час од денеска преку порталот uslugi.gov.mk

Published

on

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана,  преку порталот uslugi.gov. mk, наместо како досега со праќање мејл до МИОА.

-Текстот продолжува по рекламата-

Министерот Дамјан Манчевски на сесија за прашања и одговори за ограниченото движење соопшти дека треба  да се пополни барање (унифициран електронски образец) каде што ќе наведе причина зошто бара дозвола и ако е потребно, да прикачи доказ, на пример ако е за грижа за друго лице – медицинска документација.

Дозволата ќе му се издаде електронски на мејлот  на лицето што ја бара и нема потреба од физичко доаѓање. Може и на мобилен да ја покаже ако му биде побарана за проверка,  нема потреба да ја печати. Дозволите имаат код кој полицијата може да  го скенира и да провери во регистарот на МИОА дали е дозволата вистинска.

-Целосно сме заштитени од злоупотреби. Ова е автоматизирана постапка и лесна за граѓаните, рече Манчевски.

Информираше дека од денеска има и уште една нова категорија дозволи – за регистрирани одгледувачи на кучиња за секојдневно хранење на животните, а кои не ги чуваат дома. За одгледувачите ќе имаат списоци преку Кинолошкиот сојуз.

Манчевски во сесијата прашања и одговори потсети дека МИОА издава дозволи за движење на граѓани од различни категории за време на полициски час  За поголем дел од  компании самите работадавци даваат дозволи за своите вработени. Таа може да се користи само за движење од домот до работно место и назад.

-Доколку полицијата го провери и е надвор од таа релација, ќе има сериозен проблем. Затоа апелираме одговорно да се однесуваат при користење на дозволите, нагласи Манчевски.

Дозволите што ги издава МИОА се за неограничено движење и се однесуваат претежно на претставници на институциите што имаат потреба да се движат во забрана за движење, потоа за медиуми на терен (репортери),  вработени во мали пекари т.е. производствени погони за храна со помалку од пет вработени, за вработени во погребални претпријатија, а преку  подрачни единици на МЗШВ се добиваат списоци за категории земјоделци што имаат потреба да работат на нивните ниви. Исто така, има дозволи и за физички лица за нега на други лица што не можат сами да се грижат.

-Дневно ги менаџираме состојбите и донесуваме одлуки за да не остане ни една категорија граѓани да не можат да се движат, пред се за работни задачи, додаде министерот.

Соопшти и дека пријавите за достава на храна од страна на заинтересирани маркети и ресторани ќе оди преку општинските кризни штабови, а ги координира тело во Владата каде што за доставувачите се објавени контакти на сите општински кризни штабови.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

Мицкоски: Недржавничко е однесувањето на Заев за избори да има на 5-ти јули

4NEWS.mk

Кривична за кафеаната во која вечерал лидерот на опозицијата

Македонија

„Треба да се прават многуповеќе тестови, серолошки PCR, брзи… да се детектираат сите кластери – потреба ни е вистинска победа на вирусот, а не политичка“, бара Мицкоски

4NEWS.mk

Боки 13 нуди 146 илјади евра за да излезе од затвор

Македонија

Мицкоски: Утре сакам да се постигне датум за избори и оваа тригодишна пандемија на Заев да заврши, но кога имаме троцифрена бројка на новозаразени тоа е невозможно

4NEWS.mk

Големиот број на болни ја одложи дебатата за избори

Македонија

„Чувството на граѓаните е дека политичарите не успеваат да го исполнат она што го ветуваат“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Гужви на пазарите, колони пред маркетите

Македонија

„Мојот мотив е да им кажам на граѓаните дека може поинаку, затоа не ветувам многу, ако погрешам од незнаење ќе се извинам“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Граѓаните револтирани за забраната – владиците на МПЦ обвинуваат за поделби помеѓу верските заедници

4NEWS.mk

Предупредување од докторите: По Ковид-19 доаѓа полошо нешто

Македонија

ВИДЕО: Моментот кога авионите кои го прелетуваа Скопје беа пресретнати од руски “Сухои” над Црното море

4NEWS.mk

Надвор од сончевиот систем е откриена планета слична на нашата

4NEWS.mk

Зибери: На погребот на покојник со КОВИД-19, имало 200 луѓе – семејството не сака да се тестира

4NEWS.mk

Филипче: Можни се поригорозни мерки за задушница

Македонија

Филипче: Или ќе продолжиме да го враќаме животот во нормала, или ќе се враќаме назад кон рестриктивните мерки

Македонија

Јанева: Лежам во притвор поради Камчев, тоа е валкан играч кој мисли дека може секого да купи со пари, ама мене не

4NEWS.mk

Уапсени 7 полицајци во кратовско, правеле журка сред пандемија

4NEWS.mk

Шекеринска: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас, најважно е дали политичарите им служат на граѓаните

4NEWS.mk

Членовите на КЗБ: Најверојатно ќе дојде време за враќање на рестриктивните мерки

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија

4NEWS.mk

Хаварија во ОХИС, неподнослива миризба се шири во околината

Македонија

Сам и со церебрална парализа, во темница, студена соба, со долг од над 200 илјади денари

Реклама