Авион на Бритиш ервејс бил погоден од гром на приодот кон лондонскиот аеродром Хитроу, јавија локалните медиуми.
Патниците на летот BA919 од Штутгарт до Лондон зборуваа за нивниот „шок“ откако инцидентот го принуди авионот да се пренасочи кон аеродромот Гетвик.
Летот тргнал од Германија нешто по 13:00 часот по локално време, по што требало да слета во Хитроу во 13:40 часот.
-Летот беше пренасочен кон Гетвик порано попладнето поради временските услови во регионот – изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Наскоро повеќе …