Драма над Ламанш: Авион прогласи вонредна состојба по полетувањето

По барање за приоритетно слетување, авион на лет од Лондон кон Бенгалор слета на Хитроу. Пилотите прогласиле вонредна состојба само 14 минути по полетувањето. За девет минути се спуштил околу три километри пониско и моментно кружи околу еден час над Ламанш, чекајќи одобрување за враќање.

Според првичните информации, авионот полетал во 15,30 часот по локално време, по што набрзо пилотот известил дека постои проблем, поради кој побарал дозвола за враќање назад.

Од Бритиш Ервејс потврдија дека авионот слетал нормално и дека инцидентот бил „барање за приоритетно слетување“. Засега не е позната причината зошто е прогласена тревога, но постои сомнеж дека пилотот и копилотот носеле маски за кислород.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: Сител телевизија