4NEWS.mk

Драма во Бразил: Џиновска дупка се отвори на улицата и проголта автомобил – мајка и ќерка едвај се извлекоа

Неверојатна снимка стигна од Бразил. Во гратчето Флорес да Кунха на југот од Бразил во средата пропадна пат по поминувањто на камион и се отвори огромна дупка.

На снимката од безбедносните камери од блиските куќи се гледа како еден автомобил ја заобиколува дупката, но друг пропаѓа.

Ванеса Канагноли (34), која управувала со автомобилот, скришила нос, а нејзината 12-годишна ќерка Андреса Карнсела поминала без повреди.

„Возевме и во еден момент само пропаднавме. Ја отворивме вратата се обидовме да излеземе од автомобилот“, раскажа Ванеса за бразискиот портал Г1.

Минувач и помогнал на неа и на ќерката да се извлечат од дупката, по што биле пренесени во болница.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни