Балкан

ШОК ВО СРБИЈА: Младо момче си го нападнал другарот и мајка му со секира

ШОК ВО СРБИЈА: Младо момче си го нападнал другарот и мајка му со секира

Момче (13) со секира нападна мајка и син кај Зрењанин.

Двете лица со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар.

Жената се здобила со повреди на главата. Била болна од канцер и се уште се лекувала.

По операција во болницата Зрењанин, во шок собата е седумнаесетгодишникот, кој според лекарите во многу тешка и животозагрозувачка состојба. Ранетиот се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и има сериозни повреди на внатрешните органи, а лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата го приведе таткото на напаѓачот поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

„Постои основано сомнение дека неговиот тринаесетгодишен син вечерва со секира и нож повредил педесет и седумгодишна жена и нејзиниот седумнаесетгодишен син во населено место во околината на Нова Црња, нанесувајќи им тешки телесни повреди опасни по живот“, соопштија од Полициската управа Зрењанин.

Во полициска станица е донесен тринаесетгодишникот и во тек е понатамошна работа на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни