Целиот кадар на ДУИ, почнувајќи од министри, директори и пратеници дојдоа на стадионот на Фудбалскиот клуб „Шкупи“ за да фрлат лопата малтер за поставување камен-темелник на административната зграда покрај спортскиот терен. Ахмети пристигна во придружба на Артан Груби. Со задоцнување се појавија и Изет Меџити и Бујар Османи. Се поредија за да фрлат по една лопата. Груби стоеше настрана, но неговите сопартијци го убедија да се приближи и да ја земе лопатата в рака. Интегративците стоеја поделени во групи. Го прашавме лидерот Али Ахмети – дали има раздор во редовите на ДУИ?
-Три групи се. Трите се силни. Сите се добри. Беа ли сите заедно во Чаир? Заедно ли сме и тука на прославата? Нема ниту лошо во овој правец“, рече Ахмети.
Инаку, пред неколку дена се појавија гласини дека Изет Меџити ќе покрене интерпелација во законодавниот дом против министрите Бујар Османи и Артан Груби. На прашањето на ТВ21, Меџити ниту потврди, ниту негираше вакво нешто, само рече дека ќе почека да поминат првите 100 дена од новата Влада.
The post ДУИ во Чаир за да фрли лопата цемент – Ахмети: Заедно сме, нема ништо лошо меѓу нас appeared first on TV21.mk.
