Македонија

Двајца скопјани измамени за над 2,3 милиони денари со лажна инвестиција во криптовалути

Двајца скопјани измамени за над 2,3 милиони денари со лажна инвестиција во криптовалути

На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари.

Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени.

Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни