Македонија

Двајца скопјани пријавиле залутани зрна на нивните тераси

На 16.07.2020 во 07.30 часот во Полициската станица Драчево, С.Ф.(70) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот на терасата од неговата куќа на ул.„Китка“ пронашол зрно од огнено оружје, а била оштетена и лимената кровна конструкција. С.Ф. го предал зрното на полициски службеници во Полициска станица Драчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.07.2020 околу 21.00 часот во СВР Скопје, Ф.И.(66) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на терасата од неговата куќа на ул.„Вашинтонска“ пронашол залутано зрно од непознато огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што пријавителот им го предал залутаното зрно и според пријавеното нема оштетување, ниту повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни