Двајца средношколци се здобиле со расекотини од нож, по масовната тепачка меѓу две поголеми групи ученици пред средното училиште “Марија Кири Склодовска” во Скопје.
Се вчитува...
Повредените ученици на возраст од 15 и 18 години и се пренесени во Ургентниот центар.
Едниот од нив има расекотини на подлактицата и на дланката и е задржан на пластична хирургија, додека другиот има само повреди на дланката добиени од нож.
Од МВР го потврдија настанот кој се случил околу 17 часот и најавија повеќе детали.
Горан Симоновски
