Две лица загинаа при тешко слетување на мал авион во услови на замрзнување на рускиот далечен север, јавија Ројтерс и ТАСС. Службите за итни случаи соопштија дека причина за несреќата е подмрзнувањето на авионот.
Авионот Ан-2 со двајца членови на екипажот и 10 патници се урна на околу 10 километри од селото Каратаика во автономната област Ненец. Тој е независен субјект на Руската Федерација, дел од Архангелската област.
„Според информациите добиени телефонски од патник во авионот две лица загинале. На местото на несреќата патува екипа од земја со моторни санки и хеликоптер“, соопшти Министерството за вонредни состојби.
Авионот летал на линија од административниот центар Нарјан Мар до Каратајка и Варандеј.
Директорот на локалното воздухопловство ја информираше ТАСС дека авионот летал во услови на магла и поларна ноќ.