4NEWS.mk

Две лица повредени ноќеска во страотна сообраќајка на патот Тетово – Јажинце

Ноќеска во 01,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(19) од с.Пршовце и патничко моторно возило “Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(34) од с.Пршовце.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил Ф.Е., а со телесни повреди се здобила М.Т., по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни