Две лица повредени од огнено оружје на свадба во Мала Речица

 Во тетовска Мала Речица ноќеска две млади лица се повредени на свадба поради пукање од огнено оружје.

Се вчитува...

Според првичните информации еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За случајот е известена и полицијата. Извршен и увид на местото каде била свадбата каде се користело огнено оружје. 

Извор: Сител телевизија