Две лица убиени во грабеж на казино на патот Скопје – Блаце

Двојно убиство рано изутрината се случило во казиното „Вегас“ кај Блаце.

Се вчитува...

Неофицијално, настанот се случил во казиното “Вегас” меѓу 4 и 5 часот наутро. Група маскирани и вооружени влегла во објектот, пукала, ги украла парите од прометот и побегнала. Притоа, смртно биле застрелани две лица.

Повеќе детали за крвавиот настан очекуваме од МВР.

Казиното “Вегас” и во минатото беше мета на грабежи.

Извор: Сител телевизија