4NEWS.mk

Две момчиња тешко повредени во сообраќајка во село Лисиче, со возило излетале од патот

Вчера во 18,00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Лисиче-с.Горно Лисиче, на место викано „Стара река“ Г.Н.(20) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото С.А.(19), а со телесни повреди се здобил возачот и биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни