4NEWS.mk

Две жени и еден маж изгубени на планина во Србија, во тек е акција за спасување

Службата за спасување на Горска во Србија, соопштила дека денеска примила телефонски повик од тројца рекреативци кои се изгубиле на планината Столови кај Краљево.

Се изгубиле две жени и еден маж, никој од нив не е повреден, но не знаеле никој од нив каде точно се наоѓаат, ниту пак како да се вратат, соопштила Горската служба.

Благодарејќи на големо познавање на сите планини во Србија на спасувачите од Горската служба за спасување телефонски им објасниле на изгубените рекреативци во кој правец да се движат, со цел да излезат на прооден пат и спасувачите што побрзо да ги пронајдат и со возила да ги симнат во подножјето на планината.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни