4NEWS.mk

Две жени прегазени од камион во Прилеп

Вчера во 18.30 часот бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(47) од с.Лажани, прилепско, удрило во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

Во незгодата, пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни