Македонија

Еден билет за автобус и воз до средината на следната година

Еден билет за автобус и воз до средината на следната година

Еден од плановите што Градот сака да го реализира заедно со Министерството за транспорт е воведување интегриран билет за различните видови јавен превоз.

Ова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Да не се симнувате од воз, а сте платиле 40 денари, па се качите во автобус да платите уште 35 денари. Со еден билет да можеш да се качиш од Зелениково, да отидеш до Ѓорче Петров, да стигнеш до трета позиција“, објасни градоначалникот.

Ѓорѓиевски очекува системот на интегриран билет да биде подготвен до средината на следната година.

Според него, тоа би значело поедноставно патување, помалку губење време и пониски трошоци за граѓаните.

„Треба како систем да го изработиме во наредниот период и верувам дека некаде до средината на наредната година би имале резултат“, рече Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни