4NEWS.mk

Еден од обвинетите призна за убиството на словачкиот новинар Куцијак

Еден од четворицата обвинети за убиството на словачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница призна за убиството пред судот.

Обвинетиот Мирослав Марчек призна дека учествувал во убиството, додека другите двајца обвинети, меѓу кои и бизнисменот Маријан Коснер, кој е обвинет дека е нарачател на убиството, негирале дека се виновни.

На денешното судење, четвртиот обвинет не се изјаснил.

Според словачкиот државен обвинител, Маријан К. наредил убиство на Куцијак поради неговите написи во кои пишувал за неговите сомнителни активности, за што наредил еден од обвинетите да го киднапира и убие новинарот.

Маријан дал информации за движењето на Куцијак и негови фотографии, по што бил контактиран трет обвинет за да го организира убиството, а на него му биле ветени 70.000 евра. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни