Еден од првите модели на патики „Најк” продаден за речиси 440.000 долари

Еден од првите чифтови „Најк”, патики од линијата „Moon Shoe”, е продаден за рекордни 437.500 долари на интернет-аукција на „Сотби”.

Се вчитува...

Патиките биле наменети за американските атлетичари, кои се подготвувале за Олимпијадата 1972 година. Од тој модел се произведени 12 чифта. Тој што бил ставен на наддавањето е единствениот што никогаш не бил обуен.

Првичната проценка се движеше меѓу 110.000 и 160.000 долари.

Претходниот рекорд – од 190.372 долари беше регистриран во 2017 година за патиките „Конверс фастбрејк”, носени од кошаркарската легенда Мајкл Џордан на финалето на Олимписките игри во 1984. Чифтот „Moon Shoe” го купи 61-годишниот канадски бизнисмен Мајлс Надал, кој има намера да го изложи во приватниот свој музеј во Торонто. 

Извор: Сител телевизија