Втората епизода на омиленото шоу „Твоето лице звучи познато“ на Тв Сител беше вистински спектакл.
Натпреварувачите и овој пат го дадоа својот максимум, а на сцената се имитираа популарни музичари од домашната и странската сцена.
Според гласовите од жирито најдобра беше Едита, а тимот кој ја однесе победата е Едита Арадиновиќ и Ненад Пагонис.
Продукцијата на „Твоето лице звучи познато“ на победниците им додели чек од 1000 евра, за кој тимот одлучи да биде подарен во Фондацијата на Новак Ѓоковиќ.