4NEWS.mk

Една жртва во тајфунот во Јапонија

Еден маж загина, а повеќе од милион жители на Јапонија се советувани да ги напуштат своите домови поради моќниот тајфун кој денеска ќе ја погоди оваа островска земја.

Мажот загинал кога неговиот автомобил се превртел во источниот дел на Токио, додека четири лица се повредени кога силниот ветер откорнал покриви од домовите.

Досега 30.000 домови се уништени или оштетени, а 16.000 домаќинства останале без електрична енергија.

Продавниците и фабриките се затворени, железничкиот сообраќај е прекинат и повеќе од 1.600 летови се откажани.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни