4NEWS.mk

Едно лице повредено во тепачка во велешко Мелница

Во велешкото село Мелница синоќа околу 19:15 часот по претходна караница помеѓу 46-годишниот Р.Р. и 28-годишниот Ш.М, двајцата од село Мелница настанала физичка пресметка меѓу две групи од по три лица, при што со повреди се здобил Ш.М.,информираат од СВР Велес.

Повредениот  бил пренесен во болницата во Велес, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

Од ЈЗУ Општа болница Велес како што информира за МИА портпаролот Тодор Јаковлевски, повредениот Ш.М. во тепачката се здобил со исеченица на главата. Утрово бил пуштен на домашно лекување.

За медицинска помош во болницата во Велес се јавиле и некои од останатите учесници, а кои полесно поминале во оваа тепачка. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни