4NEWS.mk

Екоцентар 97 ќе продолжи да го чисти хемискиот отпад во ОХИС

Компанијата Екоцентар 97 уште четири месеци ќе го чисти хемискиот отпад од кругот на поранешната фабрика ОХИС, информираше адвокатот на поранешните вработени, Славе Николов. Според него, одлуката е незаконска бидејќи нема основ за потпишување анекс договор. Поради непочитување на рокот за чистење на Собранието на доверители било побарано да се активира банкарската гаранција на компанијата, но таква одлука не била донесена.
 
Даниел Василев

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни